Во 1972 година, Герд Милер постигна 85 гола на 60 натпревари за Баерн и германската репрезентација. Германскиот голгетер го постави рекордот за најмногу постигнати голови во една календарска година.
Достигнувањето на Милер никој не го надмина дури 40 години. Но, во 2012 година, Лионел Меси успеа да дојде до бројката од 86 гола и на тој начин го собори рекордот на легендата на германскиот фудбал. Аргентинецот по тој повод му го испрати својот дрес на Милер, а на неа напиша:
„За Герд Милер. Со моја почит и восхит. Прегратки, Лео“.
Заедно со дресот во Минхен е испратено писмо од Сандро Росел до Карл-Хајнц Румениге. Во текстот се вели:
„Љубовта и восхитот што нашиот клуб ги има кон Баерн и неговите навивачи уште еднаш се покажа преку историската врска меѓу овие двајца играчи. Двајцата поставија нови стандарди и создадоа силни чувства кај нашите навивачи“.
Ваков вреден подарок Милер му подари на клупскиот музеј, каде се уште се чува дресот, а Меси е единствениот играч кој никогаш не заиграл за Баерн, но чиј дрес се чува во Музејот на германскиот гигант. Ниту еден друг фудбалер не добил ваква чест.