Малиот Матео Меси е новото фудбалски чудо: Со него Аргентина на СП во 2038 може да очекува титула! (ВИДЕО)

5745

Матео Меси со само седум години е една од главните фаци во Аргентина. Се разбира дека тој е еден од тројцата синови на Лео, а токму тој го има наследено талентот од својот татко кој на Аргентина и го донесе пехарот кој се чекаше 36 години.

Сите во фудбалскиот свет „полудеа“ по Матео откако, за време на доделувањето на „Божицата“, децата на светските прваци си играа фудбал на теренот на „Лусаил“ во Катар. И токму Матео беше главната ѕвезда како што се гледа од видеото.

Како ли само го дрибла синот на Папу Гомез, навистина малиот е фудбалско чудо, фудбалски феномен.

По ова во Аргентина воопшто не се грижат за својата репрезентација во блиска и далечна иднина. Се чини дека „гаучосите“ на Мундијалот во 2038 година, кога Матео ќе има 23-24 години, со него како предводник, би можеле да дојдат до титулата.

ПретходноПјаниќ што правиш? Босанецот со нозе во гради удри противнички играч (ВИДЕО)
СледноАл – Наср по Роналдо го носи и Канте