Во Аргентина по освојувањето на “Божицата“ е вистинска лудница. Славјето трае веќе една недела, сите се среќни и насмеани, а гол дел од фановите во чест на третата светска титула се тетовираат во знак на победата на Мундијалот во Катар.
Сепак, некои луѓе одат во крајност. Па така еден Аргентинец си го тетовирал Меси на челото, поточно буквите од неговото презиме. На едниот образ има тетоважа – D10S што значи Бог а на другиот образ три ѕвезди по повод третата титула на Аргентина.
Се чини дека ова е веќе болест.