Не помина многу време, а веќе повторно почнаа да кружат гласини за можниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Се чинеше дека оваа тема може да стане најактуелна во текот на летото, но шпанска Марка, медиум исклучително близок до кралскиот клуб, ја спупта топката.
„Реал Мадрид не сака да губи време за иднината на Мбапе“, е насловот на споменатиот текст во кој понатаму се вели:
“Клубот е на пат, а тоа не вклучува повторно отворање на преговорите со Французинот. Челниците на Реал Мадрид сакаат да се извлечат од вревата што ја создава напаѓачот”.
Според нивните информации, Мбапе е во сферата на интерес, но за разлика од претходните преодни рокови, сега челниците на Реал Мадрид немаат намера да губат време на преговори со овој играч.
“Реал почна да гради тим без разлика што ќе се случи со Мбапе. Сега ништо не е сменето. Сите информации за неговата преселба во Реал Мадрид се огномет без прав”, пишува „Марка“.
Оваа сезона, Килијан Мбапе постигна 19 гола и додаде пет асистенции на 20 натпревари за ПСЖ, а со Франција го освои среброто на Светското првенство во Катар и беше најдобар стрелец на турнирот со осум гола.