Салах и семејството со фото пред божиќната елка, па добија навредливи коментари!

549

Секоја година исто. И овојпат Мохамед Салах заедно со семејството се сликаше пред божиќната елка и повторно доби навредли коментари на социјалните мрежи.

Се разбира дека поводот е тоа дека Божиќ не е муслимански празник туку христијански, и дека со тоа тој ја предал својата вера.

Немојте така ефтино да ја продавате својата вера. Мислев дека си најдобриот амбасадор на својата вера ама се разочарав. Муслимански брате, многу те сакаме, но сме разочарани што го славиш Божиќ. Ги имитираш Меси и Роналдо, но забораваш дека тие се христијани, која е твојата вера, тие никогаш не го слават твојот празник. Не ја срами нашата религија…“ се дел од коментарите на Инстаграм кој ги доби фудбалерот на Ливерпул.

ПретходноГоце Седлоски: И во 2023 година целта ни е шампионската титула! (ВИДЕО)
СледноПо заминувањето на Петев: Ѓукиќ, Сушиќ, Баждаревиќ…кандидати за селектор на БиХ!