Тони Крос пресече и донесе една од најтешките одлуки во животот

1168

Откако Тони Крос неколку пати јавно проговори дека би сакал кариерата да ја заврши во Реал Мадрид, тоа би можело да се случи на крајот од оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Со сето ова не се согласува претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, тој сака да го продолжи договорот со Германецот на уште една година, а понудата е на маса.

Првично ја одложи одлуката, но сега Крос се предомислил, пишуваат медиумите на Пиринеите. Конкретен одговор за својата иднина во Реал Мадрид ќе даде на почетокот на следната година, поточно во февруари, пренесува „Marca“.

Останува да се види каква одлука ќе донесе Тони Крос на крајот, дали ќе продолжи во Реал Мадрид или ќе се пензионира на крајот на сезоната иако има само 32 години.

ПретходноМеси би можел да добие награда која не е доделена цели 32 години
СледноБарди: Среќни сме за победата, нема да се откажеме од битката за врвот!