Екипата на ТФТ Скопје забележа победа над Куманово со 82:71 во 11. коло на Првата македонска кошаркарска лига. Уште по првите десет минути ТФТ се одлепи на 13 поени разлика со што го отвори патот до нова победа. Во текот на целиот меч ја имаше контролата и постојана предност и заслужено дојде до бодовите.
Кај ТФТ најефикасен беше Николов со 15 поени, додека кај Куманово Глигоријевиќ постигна 18 поени и имаше и 13 скока.
ТФТ се искачи на втората позиција на табелата со седум победи и четири порази, Куманово е на 11.позиција со само две победи и девет порази.