Фантастична честитка за Божиќ: „Ти благодариме, Папа Лионел! Највредниот подарок е дома… (ВИДЕО)

193

Аргентина сеуште е во еуфорија по освојувањето на титулата во Катар. Играчите се трезнат, фановите прават чуда, некои и се “глупираат“ до таа мерка што тоа веќе прераснува во лудило, а Фудбалската федерација на Аргентина горда на својата репрезентација преку виде испрати фантастична честитка за Божиќ со која им го честиташе празникот на своите фанови.

Се разбира дека „Божицата“ е во преден план, а благодарноста пред се е до Лео Меси.

Па така пораката е:

Ти благодариме, Папа Лионел. Највредниот подарок е дома. Им честитаме на сите шампиони на светот. Им честитаме на сите Аргентинци“.

Интересно, во Аргентина Дедо Мраз го нарекуваат Папа Ноел, па од таму таа игра со зборови со она Папа Лионел.

Да не заборавиме дека и селекторот Скалони се вика Лео.

Лео како Дедо Мраз…

ПретходноФОТО-ВЕСТ: Можев ли подобро?
СледноОгномет без барут: Вратата за Килијан Мбапе е полузатворена!