Хаос на кошаркарскиот натпревар во Египет меѓу Ал Ахли и Ал Итихад, трибината се урна и падна врз навивачите во салата „Хасан Мустафа“ во Каиро. Според тамошните информации има и повредени. Страшните сцени се случија на сред меч, дел од трибината падна врз луѓето.
Во тој момент се запре, играчите погледнаа кон навивачите, а луѓето кои беа во близина, околу тој дел, истрчаа и направија се за да им помогнат на повредените. Веднаш се обиделе да го подигнат и преместат делот кој се срушил и на тој начин да им помогнат на луѓето кои биле долу да излезат.
Соред информациите интервенирало 21 амбулантно возило, а вкупно 27 лица се повредени.