Шпанскиот фудбалер Иско само четири дена откако раскина со Севиља како слободен фудбалер ќе се пресели во Мејџор Сокер лигата во САД. Неговиот нов клуб ќе биде Лос Анџелес Галакси и покрај интересот на неколку англиски клубови, пренесуваат шпанските медиуми.
Иско имаше фантастични настапи за Малага кога овој тим играше во Ла Лига и европските купови, а во 2013 година направи трансфер во Реал вреден 30 милиони евра.
Во последните години беше во втор план во Реал и одамна се зборуваше за негов трансфер. Тој се реализираше летоска кога Севиља го донесе во своите редови. Но таму се скара со спортскиот директор и побара раскин на договорот и тоа и доби.