Матео Меси со само седум години е една од главните фаци во Аргентина. Се разбира дека тој е еден од тројцата синови на Лео, а токму тој го има наследено талентот од својот татко кој на Аргентина и го донесе пехарот кој се чекаше 36 години.
Сите во фудбалскиот свет „полудеа“ по Матео откако, за време на доделувањето на „Божицата“, децата на светските прваци си играа фудбал на теренот на „Лусаил“ во Катар. И токму Матео беше главната ѕвезда како што се гледа од видеото.
Како ли само го дрибла синот на Папу Гомез, навистина малиот е фудбалско чудо, фудбалски феномен.
По ова во Аргентина воопшто не се грижат за својата репрезентација во блиска и далечна иднина. Се чини дека „гаучосите“ на Мундијалот во 2038 година, кога Матео ќе има 23-24 години, со него како предводник, би можеле да дојдат до титулата.
Mateo Messi doing Messi things 🔥
(via joaquinlozano37/TT) pic.twitter.com/ZBrufzYRwU
— ESPN FC (@ESPNFC) December 24, 2022