По заминувањето на Петев: Ѓукиќ, Сушиќ, Баждаревиќ…кандидати за селектор на БиХ!

203

Откако Фудбалската федерација на БиХ одлучи да не го продолжи договорот на Ивајло Петев, Бугаринот кој досега беше селектор на А-репрезентација и кој му истекува деновиве, веднаш почнаа шпекулациите околу името на неговиот наследник.

Засега нема никакви информации од Фудбалската федерација со седиште во Сараево, само се знае дека новиот селектор би можел да очекува месечна плата од 15.000 до 20.000 евра.

Затоа сараевската фудбалска чаршија почна со шпекулациите, па се споменуваат имиња како Мирослав Ѓукиќ, Сафет Сушиќ, Мехмед Баждаревиќ, Фарук Хаџибегиќ…и уште неколку, а дел од нив веќе беа на чело на селекцијата.

Сепак се ќе знае во четврток, кога и официјално ќе биде познат новиот селектор на БиХ.

ПретходноСалах и семејството со фото пред божиќната елка, па добија навредливи коментари!
СледноШто се случува? Почина уште еден млад фудбалер, овојпат во Португалија