Тен Хаг: Роналдо? Тој е минато, не сакам да трошам енергија на него!

644

Кристијано Роналдо е минато за Манчестер Јунајтед. Уште откако дојде на “Олд Трафорд“ стратегот Ерик тен Хаг не криеше дека не го „мириса“ премногу Португалецот, па така сега желбата му се исполни, некогаш најдобриот фудбалер во светот не е во тимот.

За тоа дали има коментар по заминувањето на Кристијано, Холанѓанецот изјави:

Роналдо? Како се чувствувам по целата ситуација? Па искрено не би сакал веќе да трошам енергија на него. Тој е минато. Гледаме напред и одиме понатаму. Сакавме да изграиме нова иднина за клубот, но тој не сакаше да биде дел од новиот Манчестер Јунајтед“ посочи покрај другото Тен Хаг.

ПретходноОгномет без барут: Вратата за Килијан Мбапе е полузатворена!
СледноОва е веќе болест: Си го тетовирал Меси на челото! (ФОТО)