Кевин Де Брујне е еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Квалитетите на белгиецот се неспорни, формата и класата се на највисоко можно ниво, но тој во последната негова изјава даде до знаење што мисли за еден негов соиграч. Поточно за Фил Фоден, 22. годишниот репрезенаттивец на Англија, кој прераснува исто така во светска класа.
„Фил е веројатно најголемиот талент со кој сум играл. Тој има само 22 години, неговиот лимит е сè уште далеку од достигнување. На таа возраст, Фоден веќе ја освои Премиер лигата четири пати. Тој е многу паметен играч. Ако продолжи да работи напорно , тој ќе постигне многу“, изјави Де Брујне за „Гардијан“.
22-годишниот Англичанец има 21 настап за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 8 голови и 5 асистенции.