Бидејќи станува се поизвесно дека Карло Анчелоти најверојатно ја има последната сезона на кормилото на Реал (М), „кралскиот клуб“ е во подготовка за ново тренерско решение. Во потесниот тренерски список на Реал Мадрид се пет стратези, пишува весникот „Ел Национал“.
Според изворот, на списокот на потенцијални тренери на Реал Мадрид се тројца поранешни играчи на тимот: Раул Гонзалес (сега тренер на младинците), Алваро Арбелоа и Чаби Алонсо (Баер Л.). Исто така, поранешниот тренер на Челзи, Томас Тухел и тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман се интересни за раководството на клубот.