Првиот натпревар по паузата во Премиерлигата поради светското првенство го одиграа Брентфорд и Тотенхем, а на крајот заврши со нерешени 2:2.
Тотенхем важеше за фаворит на овој меч, но според случувањата на теренот, добро е што успеа да обезбеди и бод.
Брентфорд од првата минута беше многу подобар противник, и создаваше шанси за гол. Тотенхем не успеа да ја воспостави својата игра на теренот, по што една голема грешка на голманот Форстер го чинеше Тотенхем негатива од 1:0 во 15. минута, кога Џенелт постигна водство за Брентфорд.
Тони со гол во 54. минута веќе обезбеди предност од 2:0, што веројатно беше и клучен момент за гостите да се разбудат.
Камбекот на Тотенхем го режираа Кејн и Хојбјерг. Најпрво во 65. минута по одличната асистенција на Ленглет, Кејн погоди за 2:1, а само шест минути подоцна, Хојбјерг израмни на 2:2.