Осум медали освоија македонските атлетичари на VII Меѓународен атлетски митинг “Михајло Мика Сврака” во Белград кој се одржува во сала. Од нив по три се златни и бронзени, а има и два сребрени медали.
Златни медали донесоа Брајан Авија во скок во височина прескокнувајќи 1.85 метри, Огнен Стефановски на трката на 400 метри (52.73), како и Владимир Битољану кој беше најдобар на 200 метри (23.24).