По долги години чекање се чини дека наскоро, во блиска иднина Битола ќе добие нова модерна спортска сала. Како штп велат од Општината, избрано и идејното решение, односно проектот по кој ќе се изгради новата сала или новиот модерен спортски комплекс.
На изложбата која денеска беше отворена за јавноста избрано е најдоброто решение од сите пет колку што конкурираа.
Спортскиот центар ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план (ДУП) за АРМ, Четврт 2, ќе има капацитет од најмалку 5.000 седишта за ракометни натпревари, 5.888 за кошаркарски натпревари и 6.000 седишта за концерти, а ќе ги исполнува сите услови за одигрување на меѓународни натпревари.
ФОТО: И моето дете ќе навива за Пелистер
ФОТО: Општина Битола