Го побараа многу клубови, а тој сака на „Олд Трафорд“

295

Еден од играчите кои се истакаа на СП во Катар беше и холандскиот напаѓач Коди Гакпо кој го привлече вниманието на многу европски клубови. Крилниот напаѓач кој игра за ПСВ е во ситуација да бира во кој клуб ќе игра, а тој сака да отиде во Манчестер Јунајтед.

Како што јавува угледниот новинар Фабрицио Романо, Гакпо уште летоска сакал да замине на „Олд Трафорд“, но тоа не се случи, меѓутоа и покрај тоа тој не го сменил мислењето и би сакал да игра за „Црвените ѓаволи“.

Челниците на Јунајтед на ПСВ ќе мора да му платат меѓу 55 и 60 милиони евра.

Гакпо до сега во дресот на ПСВ во 159 натпревари постигнал 55 голови, а 50 пати бил асистент. За Холандија во 14 меча постигнал 6 голови од кои пловина на СП во Катар.

ПретходноИниеста за неуспехот на Шпанија на СП: Само талент и добри играчи веќе не се доволни
СледноЛиверпул како гостин ја “реши“ Астон Вила! (ВИДЕО)