Клуб од Серија Б собира повеќе публика од Јувентус и Наполи

224

Огромен број на навивачи ќе го поддржат Бари против Џенова во рамките на 19.коло во италијанската Серија Б. Клубот се пофали дека до пладне продал нешто повеќе од 40.000 влезници за мечот кој почнува во 20.30 часот. Инаку, капацитетот на стадионот „Свети Никола“ изнесува 58.270 гледачи.

Тоа е рекорд за екипата сезонава, но треба да се спомене дека Бари имаше огромна поддршка од своите навивачи и на претходните домашни натпревари. На пример, кога станува збор за бројот на навивачи на домашните натпревари, Бари е пред Јувентус и Наполи, а во Италија е зад миланските великани Интер и Милан, односно римските Рома и Лацио.

Бари сезонава се бори за директна промоција во Серија А па овој меч со Џенова, која исто така сака враќање во елитата, е важен. Од тука интересот за овој меч е голем.

ПретходноЊукасл ја продолжи победничката серија, Палас не можеше со деветмина против Митровиќ
СледноЈувентус доби ново раководство