Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте призна дека сака тимот да му е постабилен во одбраната и да не дозволува лесни голови како на дуелот со Брентфорд денеска. Тотенхем губеше со 2:0 на гостувањето кај оваа екипа, меѓутоа стигнаа до бод, а можеа и да ги освојат сите три на крајот.
„Менталитетот на играчите е одличен и тие повторно покажаа карактер, но моето прашање е дали треба да си направиме проблеми пред да го покажеме тоа? Сигурно посакувам да бевме постабилни. За луѓето кои го гледаа натпреварот, тоа е уште еден возбудлив натпревар за Тотенхем“, изјави Конте.
“Од една страна, задоволен сум од начинот на кој го одигравме второто полувреме. Од друга страна, го примивме првиот гол во деветти натпревар по ред. Важно е да бидеме стабилни како тим. Мораме да најдеме решение и да ги започнеме мечевите на поинаков начин“, додаде тој.
Италијанецот прокоментира дали во јануари ќе ја подобри одбраната со трансфери:
“За Џафет Танганга тоа беше прв натпревар оваа сезона. Му треба време, но јас сум задоволен од неговата игра. Нашите централни дефанзивци се добри, но мораме да се подобриме. Ромеро се враќа утре. Од една страна, разочаран сум, но од друга – постигнуваме многу голови и создаваме шанси“.