Во меч од 17.коло во ПЛ или прво по СП во Катар, а во рамките на фамозниот “Боксинг Деј“, вечерва Ливерпул со 1:3 како гостин успеа да слави кај Астон Вила. Квалитетна игра на четата на Јирген Клоп, сосема доволно да се освојат трите бода против тимот на Унаи Емери.
И покрај намерите на домашните да дојдат до добар резултат, многу рано, уште во 5.минута Салах му донесе водство на гостинот. Во 20.минута голот на Матип беше поништен поради офсајд, но затоа во 37.минута по една мешаница пред домашниот гол, Ван Дајк стрелаше прецизно за 02, со тој резултат и се замина на пауза.
Во 46.минута Астон Вила преку Воткинс постигна гол, но и тој беше поништен од страна на ВАР. Сепак домашните стрелаа во 60.минута, исто така преку Воткинс за 1:2.
Но тоа не беше се од Ливерпул. Стефан Бајчетиќ влезе во игра во 79.минута а само две минути постигна гол за 1:3.
Убави моменти за младиот фудбалер кој има само 18 години и важи за голем талент.