Најдоброто за 2022 година: Искуството и иднината на едно место (ФОТО)

168

Признанијата за најдобри се поделени. КФСМ ја заокружи оваа 2022 година со прогласување на оние кои оставија „белег“ во домашниот шампионат и секако надвор од нашите граници каде имиња кои од ден во ден не прават горди со својата работа, тука на прво место за година која изминува се Емил Рајковиќ, кој е тренер на ЦСКА Москва и Ненад Димитријевиќ, член на Уникс Казан.

На едно место се најдоа искуството и иднината. Кога сме кај иднината тука неприкосновена е генерацијата под 16 години која беше единствената која ова лето успеа да го задржи статусот во А Дивизија.

Признанието за најдобар млад кошаркар го доби Андреј Шошкиќ, член на Работнички и македонската репрезентација до 18 години. Станува збор за голем потенцијал кој веќе со своите настапи во сениорскиот тим на најтрофејниот кошаркарски колектив најавува дека може од него многу да се очекува.

Кај дамите кога сме кај иднината тука број еден е Михаила Алексовска, ја освои МВП титулата во својата конкуренција и ја предводеше Крива Паланка до трофејот.

Доминираше МЗТ Скопје во сите оние сениорски категории. Војдан Стојановски е најдобар кошаркар, тимот од Аеродром е број еден, додека Александар Петровиќ, како предводник на „сино-белите“ на само неколку дена пред крајот на годината го доби признанието за најдобар тренер.

ПретходноЕрдоган со шокантна изјава: Роналдо беше седнат на клупа поради Палестина!
СледноВенгер по 4,5 години повторно на „Емирејтс“! (ВИДЕО)