Најплатениот играч на Манчестер Јунајтед после 12 години го напушта клубот!

1957

Англиските медиуми пишуваат дека 32-годишниот шпански голман Давид Де Хеа по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Неговиот договор е до јуни 2023 година, а челниците на клубот решија да не му понудат нова соработка.

Де Хеа стана најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Кристијано Роналдо и сега клубот има можност да се ослободи од неговата плата. Тој заработува околу 22 милиони евра годишно.

Шпанецот во Јунајтед пристигна во 2011 година за 25 милиони евра од Атлетико Мадрид. Со години блескаше на голот на Јунајтед, но во последните неколку сезони неговата форма не е иста, па клубот сака да се ослободи од него. За Јунајтед бранеше на 507 натпревари досега и освои четири трофеи.

Хендерсон, 25-годишниот Англичанец кој брани како позајмен во Нотингем Форест, би требало да го наследи Де Хеа на голот на Јунајтед.

ПретходноТрансфер „бомба“ од Островот: Јирген Клоп тргна по Елиф Елмас!
СледноЦрна Гора во Маврово доаѓа без селекторот и во некомплетен состав!