Поранешен соиграч му ги смени плановите на Зидан?

226

Француската репрезентација не успеа да ја одбрани титулата светски шампиони. Откако го освоија второто злато во Русија, „триколорите“ загубија во финалето во Катар од Аргентина. И покрај ова француската фудбалска јавност и Федерацијата не се незадоволни од работата на Дидие Дешамп, кој десет години е на клупата на репрезентацијата.

Најголем губитник во таа ситуација би можел да биде Зинедин Зидан (50), четири години помладиот поранешен соиграч на Дешамп. Легендарниот Зизу наводно долго време одбивал понуди од клубови бидејќи по турнирот во требаше да биде назначен за наследник на Дешам.

Но, Дешамп направи одработи уште едно одлично Светско првенство, пеналите на крајот го спречија да го одбрани златото. Како играчи, Дешамп и Зидан и ја донесоа на Франција првата титула светски шампион во 1998 година кога Дешамп беше капитен, а Зизу главен играч на националниот тим.

Покрај репрезентацијата ја делеа и соблекувалната на Јувентус, но поранешниот соиграч сега застанува на патот на желбата на Зидан да седне на клупата на својата земја. Сепак, легендарниот фудбалер не би требало да има проблем да најде профитабилна работа. Според многумина тој е главниот кандидат за наследник на Тите на клупата на Бразил.

ПретходноШкупи стартува на осми, следува Охрид па Анталија
СледноКаква чест за Германецот: Погледнете го Новицки од седум метри (ВИДЕО)