Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон вечерва влезе во историјата на Премиерлигата. Имено репрезентативецот на Шкотска сега е „кралот на асистенциите“ кога станува збор за дефанзивците. Асистенцијата на Шкотот до Салах за 0:1 за Ливерпул е бр.54, и со тоа го надмина рекордот на Лејтон Бејнс кој застана на 53 асистенции.
Овој рекорд, овој резултат на Робертсон тешко дека некој ќе го надмине ако се знае дека тој и натаму игра во одлична форма и игра во тим каков што е Ливерпул.