Спортскиот директор на Ал-Наср зборуваше за трансферот на Роналдо!

850

Откако кон средината на ноември заврши соработката помеѓу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед, Португалецот стана слободен играч и почна да се поврзува со многу клубови, но она што е подготвен да му го даде Ал Наср од Саудиска Арабија, ретко кој друг клуб го може.

На Роналдо му се нудат дури 200 милиони евра на годишно ниво, договор до 2025 година, како и разни други поволности. Саудијците се подготвени да направат се само за да дојде големата ѕвезда, а се чини дека договорот е многу блиску до финализирање.

Се очекува дека Кристијано веќе ќе биде играч на Ал-Наср на почетокот на 2023 година, но тој моментално се одмара со семејството во Дубаи, иако веројатно во својата глава јасно знае што сака во наредните денови.

Роналдо во својата богата кариера настапуваше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Најголемиот успех го имаше со Реал од 2009 до 2018 година, кога ги освои сите можни трофеи, но неговото враќање во Манчестер беше целосно неуспешно.

„Не сум овластен да кажам да или не. Да почекаме да видиме како ќе се развиваат настаните во земјава и светскиот фудбал до крајот на годинава и што треба да направат повисоките власти. Она што можам да го кажам е дека Кристијано Роналдо е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Тој бил пример за спортист, поради неговата волја за победа. Во вистинско време, иднината ќе се отвори за сите“, изјави сонародникот на Роналдо, Марсело Салазар, кој работи како спортски директор во Ал Наср.

Откако му истече „играчкиот“ договор со Ал-Наср, Роналдо ќе стане амбасадор на Саудиска Арабија и ќе продолжи да заработува огромни пари.

ПретходноМонструозен трипл-дабл на Јокиќ од 41 поени, 15 скока и 15 асистенции (ВИДЕО)
СледноТрансфер „бомба“ од Островот: Јирген Клоп тргна по Елиф Елмас!