Јувентус доби ново раководство

251

На крајот на ноември целото раководство на Јувентус, вклучувајќи го претседателот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед поднесоа оставки после скандалот кој изби во торинскиот клуб. Поради тоа во клубот се случија избори, а денеска е познат новиот раководител и сите членови на Бордот на директори.
Па така Џанлука Фереро е новиот претседател на Јувентус. Во Бордот на директори влегуваат Фиорана Виторија Негри, Маурицио Сканавино, Диего Пистоне и Лаура Капиело. На 18 јануари 2023 година ќе се одржи собрание на акционерите на клубот на кое ќе бидат утврдени промените.
Фереро е роден во Торино во 1963 година, а во 1988 година се стекнува со диплома „Економија и трговија“. Тој бил на раководни позиции на многу компании, потпретседател е на Административниот совет на „Банка дел Пиемонте“ и е член на Административниот совет на „Италија Индепендент Груп“.

ПретходноКлуб од Серија Б собира повеќе публика од Јувентус и Наполи
СледноИниеста за неуспехот на Шпанија на СП: Само талент и добри играчи веќе не се доволни