По мечот меѓу Брентфорд и Тотенхем (2:2), во терминот од 16:00 часот се одиграа уште четири натпревари во Премиер лигата. Во популарниот „Боксинг деј“ фантастичен резултат постигна Њукасл кој го растури Лестер на гостински терен со 3:0 и направи скок на второто место на табелата. Головите ги постигнаа Крис Вуд (3 минута), Алмирон (7 минута) и Жоелингтон (32 минута).
Со тоа клубот од северот ја продолжи победничката серија во Премиер лигата која изнесува седум победи по ред.
Па така „страчките“ барем за момент се втори, но тоа не значи дека ќе останат таму затоа што до вечер и утре ќе се одиграат и другите натпревари од ова коло. Њукасл има 33 бода и 16 одиграни натпревари, додека Сити кој е зад него со бод помалку има 14 натпревари.
Фулам со 3:0 го победи Кристал Палас во гости. Палас играше со деветмина во поле затоа што црвени картони добија Мичел во 34 минута и Томкинс во 57 минута.
Стрелци за Фулам беа Митровиќ (31 и 80 минута) и Рем (71 минута).
Евертон и Вулверхемптон одиграа 1:2 (Мина 7′ – Поденс 22′, Аит Нури 90’+4′)
Саутемптон и Брајтон 1:3 (Вард-Проус 73′ -Лалана 14′, Перод 35′(аг), Марш 56′)