Арсенал постигна начелен договор со играчот од средниот ред на Шахтјор, Михајло Мудрик, објави новинарот Николо Шира. Тој тврди дека „топчиите“ продолжуваат активно да преговараат за потписот на 21-годишниот играч.
За Украинецот е заинтересиран и Њукасл, но предност има Арсенал кој веќе постигна начелен договор со играчот од средниот ред.
Мудрик оваа сезона одигра 12 натпревари во украинската лига, постигна шест гола и додаде седум асистенции. Тој исто така постигна три гола и ги даде сите асистенции на шест натпревари во Лигата на шампионите.