Ливерпул а не Манчестер Јунајтед е победник во трката за фантастичниот Холанѓанец Коди Гакпо. Имено се до вечерва клубот од „Олд Трафорд“, барем според најавите од Островот, беше многу блиску до Гакпо, од доцна вечерва веќе не е така. Последните вести говорат дека Ливерпул стапил во офанзива со менаџерите на младиот офанзивец на ПСВ Ајндховен и дека веќе има договор.
Оваа вест ја потврдија и од страна на клубот од Холандија, во која се вели дека тој ќе оди на лекарски прегледи во Ливерпул.
Се оценува дека тој ќе дојде на “Енфилд“ за околу 42 милиони евра, додека некои медиуми шпекулираат и со 55 милиони евра.