Ердоган со шокантна изјава: Роналдо беше седнат на клупа поради Палестина!

522

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и покрај сите проблеми што го има во Турција, па и проблемите во светот а пред се војната меѓу Русија и Украина, најде време деновиве да се заминава малку и со фудбал.

Па така моќниот Ердоган, шокираше со една изјава, а таа е дека Роналдо морал да биде седнат на клупата во селекцијата на Португалија на СП во Катар поради поддршката на Палестина од негова страна.

Е, сега, колку првиот човек на Турција е во право навистина треба да се запраша човек, посебно ако се знае дека Роналдо никогаш јавно не се произнесол дека тој и дава поддршка на Палестина.

Сепак, во неколку наврати Португалецот знаел на себе да го има шалот на фудбалската федерација на Палестина, а се шпекулираше пред неколку години дека донирал 2 милиони евра, но тоа беше демантирано од пи-ар тимот на Роналдо.

ПретходноГолемо засилување во Ѓорче: Калид Басит повторно меѓу “лавовите“!
СледноНајдоброто за 2022 година: Искуството и иднината на едно место (ФОТО)