Тимот на Шкупи како впрочем и целокупниот ПМФЛ состав во моментов е на одмор, а тренерт Гоце Седлоски стартот на подготовките го закажан за осми јануари.
Тогаш Шкупи повторно ќе се собере, и ќе започне со работа. Распоредот е направен така, да тимот најпрво стартува во домашни услови, а потоа на 15 јануари заминува во Охрид.
Следува и пријателски дуел, со ривал кој допрва ќе треба да се прецизира, за да на 28. јануари се замине за Анталија.
Таму, нормално е зенитот на зимските подготовки, како и години наназад, а Шкупи не одстапува од оваа пракса.
Што се однесува до тимот, се знае дека на пролет ќе биде без Бесир Демири, а јавна тајна е дека зимава Шкупи ќе донесе квалитетен стопер.