Откако тимот на МЗТ Скопје Аеродром, остана без тренер, поточно Александар Петровиќ си замина од кормилото на тимот, управата на „Штрковите“ се реши од Србија да ја доведе неговата замена.
Се работи за добро познат лик за нашите кошаркарски прилики, во името на Драган Николиќ кој во минатото беше на чело на Карпош Соколи.
Искусниот стратег потпиша договор до крајот на сезоната, со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година.