Лазаров: Има уште многу работи да поправиме!

244

Македонската ракометна репрезентација ја победи Црна Гора со 38-33 во првиот контролен меч во рамките на подготовките за настап на престојното Светско првенство.

Предводникот на нашиот национален тим на оваа средба не сметаше на Никола Митревски, кој доби одмор, но и на Филип Кузмановски, кој поради клупски обврски ќе се приклучи за некој ден.

„Не случајно ги организиравме овие силни четири натпревари, истите се важни за играчите кои немаат такви мечеви во текот на сезоната. Црна Гора иако не е во најсилен состав, сепак покажа дека е доста габаритна, борбена и квалитетна селекција. Имаше многу добри работи, но и лоши работи, кои ќе треба да ги поправиме. Истите ќе ги анализираме уште утре. На вториот натпревар ќе пробаме нешто друго. Во секој случај резултатот не е важен, иако во еден момент гласаше десет гола разлика, но можеби е добро што заврши вака да не мислиме дека сме многу добри. Има уште доста да се поправи“, изјави за СПОРТМЕДИА Лазаров по мечот.

Втората средба со Црна Гора е закажана за утре, но истата е од затворен тип.

ПретходноГолем пех за Тиквеш: Ѓурковски со потешка повреда, заврши сезоната за одличниот дефанзивец!
СледноПелистер не успеа да го задржи шампионот, МЗТ Скопје осамен на врвот