Легендарниот Хрват со критики: ФИФА и помогна на Аргентина да стане првак, Меси не е Марадона!

4577

Игор Штимац, легендарниот репрезентативец на Хрватска од Мундијалот во Франција 1998, кога “коцкестите“ беа трети и сегашен селектор на Индија денови по завршувањето на СП во Катар имаше само критики и чудни изјави.

За жал ФИФА и помогна на Аргентина да дојде до пехарот. Врз успехот на `гаучосите` засекогаш ќе има една голема дамка. Без разлика што Меси играше одлично, што таа селекција е `скоцкана` како што треба, но сепак не може да се избрише тој горчлив вкус од фактот дека ФИФА навиваше за Аргентина“ истакна Штимац.

Инаку тој се осврна и на споредбата меѓу Меси и Марадона…

Никој никогаш не играл фудбал како Марадона. Секоја чест за Меси, тој е фантастичен фудбалер, но сепак Меси не е Марадона. И покрај сите освоени пехари и урнати рекорди од страна на Меси, сепак за мене Марадона засекогаш ќе биде бр.1“.

ПретходноГотово е: Коди Гакпо е нов фудбалер на Ливерпул! (ФОТО)
СледноВојдан, најдобриот македонски кошаркар со силна верба: Верувам дека ќе останеме во АБА-друштвото!