Барселона и Челзи тријат раце, затоа што е се поизвесно дека ќе може да го ангажираат младиот талент на Борусија (Д), Јусуфах Мукоко. Ова доаѓа откако 18-годишниот играч допрва треба да потпише нов договор со Борусија Дортмунд, но германскиот тим не сака да ја плати посакуваната сума која како плата ја бара Мукоко.
Борусија Дортмунд не може да ги финализира преговорите со напаѓачот, поради недоразбирање меѓу двете страни за висината на платата. Актуелниот договор на Мукоко истекува следното лето и клубот ќе мора да прави отстапки ако сака да го обезбеди останувањето на играчот. Според „Билд“, Мукоко сака речиси милион евра повеќе од тоа што го има на маса и малку веројатно е дека „милионерите“ ќе прифатат такво барање. Немањето договор им дава надеж на гигантите кои се заинтересирани за него дека можат да го добијат и како слободен играч.