Пелистер не успеа да го задржи шампионот, МЗТ Скопје осамен на врвот

170

Шампионот МЗТ Скопје оддолеа на нападите на Пелистер и успеа да се врати со победа од гостувањето во Битола во последниот меч од домашното првенство за оваа година.

„Штрковите“ однесоа победа од 83:79 во меч во кој освен во првата четвртина, беа подобар ривал од битолчани во остатокот од мечот. Пелистер одлично го отвори мечот и успеа првите 10 минути да ги заврши во своја полза со предност од дури 10 поени. Иако тоа наликуваше на старт за триумф, МЗТ Скопје брзо се опорави и веќе до полувремето успеа да намали од негативата (48:42).

Во второто плувреме гостите играа уште подобро. Во третиот период МЗТ Скопје успеа да ја анулира негативата од полувремето, па дури и да премине во водство, кое умешто го држа до крајот на средбата, иако Пелистер успеа да се врати во игра за добар резултат, но немаше добар финиш.

Одлична  партија кај МЗТ Скопје имаа Крстевски и Кефи кои реализираа по 22 поени, додека за Пелистер, Хаџифејзовиќ и Карутерс постигнаа по 20 поени.

За МЗТ Скопје ова беше 10-та победа во 11. кола, со што се одвои на две победи пред Пелистер и Гостивар кој со скор 8-3 останаа на делба на 2. и 3. место.

ПретходноЛазаров: Има уште многу работи да поправиме!
СледноШто се случува со “пандевци“: И Томче Илиев си замина од Академија Пандев!