Хаос во ФСС: Членови на УО “удрија“ по Пикси и поради бонусот од 1,5 милиони евра!

2113

Откако репрезентацијата на Србија на Мундијалот во Катар доживеа фијаско, поточно тотален дебакл, денеска се случи и скандал за време на седницата на Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Имено членови на раководството на Сојузот, поточно извесен Никола Тончев и тоа како „удри“ по селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Тој кажа дека Пикси добил бонус од 1,5 милиони евра за пласманот на Мундијалот, а првите луѓе на Сојузот, Ненад Бјековиќ, Стеван Стојановиќ и Јован Шурбатовиќ си поделиле по неверојатни 350.000 евра.

Исто така стана збор и за тоа кој одлучувал за тоа како и каде се трошени силни пари за време на престојот во Катар од страна сите во делегацијата на репрезентацијата на Србија.

Инаку кога сме кај селекторот Стојковиќ познато е дека тој од страна на ФСС е платен по 100.000 евра месечно, или 1,2 милиони евра годишно, а бонусот кој го земал во висина од 1,5 милиони евра бил за пласманот на Србија на СП во Катар.

ПретходноМартин Блажевски го напушти Вардар и се пресели во Тетекс!
СледноЧелси рутински до триумф против Борнмут! (ВИДЕО)