Христов со трансфер од Вардар во Гостивар!

1228

Симеон Христов од денеска е ново име во таборот на Гостивар. Ништо чудно ако се знаат амбициите на есенскиот првак во ВМФЛ, но чудно е што искусниот напаѓач од Вардар се пресели во Гостивар, од тимот кој што најголем конкурент на гостиварци во битката за самиот врв на табелата.

Па така Гостивар доби одличен и искусен напаѓач, а вардарци загубија одличен и искусен напаѓач.

Симеон Христов има 30 години, досега играл во повеќе наши клубови, има и интернационална кариера, и секако дека ќе биде големо засилување за Гостивар во пролетниот дел во походот кон Прва лига.

ПретходноРеал има амбициозен план за Дејвис, од Баерн реагираат: Нека сонуваат
СледноКадетите почнаа со победа на „Шпаркасен Купот“