Јунајтед победнички против „шумарите“! (ВИДЕО)

135

Манчестер Јунајтед – Нотингем Форест 3:0 е епилогот од вечерашниот меч од 17.коло во најсилната лига во светот. Фаворитот си ја оправда улогата во целост, беше подобар, доминираше во најголем дел од средбата па така заслужено дојде до победата и до новите три бода на на рестартот од сезоната 2022/23 која беше прекината поради СП во Катар.

Инаку се беше готово веќе во 22.минута кога резултатот гласеше 2:0. Прво Рашфорд во 19.минута убав гол за 1:0, додека три минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Марсијал. Точка на победата стави Фред во 88.минута.

Да кажеме дека гостите во 41.минута постигнаа гол, но истиот беше поништен по реакцијата на ВАР на овој натпревар кој го следеа 73.000 гледачи на „Олд Трафорд“.

ПретходноТетоважа во чест на аргентинскиот голман, но со погрешно име
СледноБразилецот Дутра доаѓа во РК Вардар!