Атлетико ја одбра замената за Жоао Феликс

239

Откако е јасно дека Жоао Феликс го завршува својот мандат во Атлетико Мадрид и зимава се сели некаде на позајмиц, клубот планира да доведе негова замена што е и нормално.

Истата ќе биде далеку поевтина одколку што чинеше самиот Феликс своевремено кога доаѓаше од Бенфика, па затоа сега очигледно поучени од тој момент првите луѓе на Атлетико тргнуваат по напаѓачот на Бети Борха Иглесијас.

„Марка“ вели дека веќе се контактирани луѓето кои се грижат за кариерата на Иглесијас и нештата се движат во позитивна насока. 29.годишниот фудбалер има 8 гола од почетокот на сезоната во Ла Лига , а неговиот договор со Бетис е до 2026 година.

Диего Симеоне инсистира да доведе нов офанзивен играч бидејќи „Јорганџиите“ веќе се разделија со Матеус Куња , кој потпиша со Вулверхемптон, па единствениот чист напаѓач во тимот е Алваро Мората.

 

ПретходноЦрна Гора прв „тест“ за ракометарите пред Мундијалот!
СледноЛукас Хернандез во Баерн до 2027