Белоруската спортска хероина осудена на 12 години затвор

282

Белоруската пливачка Александра Херасименија, освојувачка на три олимписки медали и некогашна светска шампионка, е осудена на 12 години затвор во Белорусија поради „формирање на екстремистичка група“.

Судот во Минск ја осуди во отсуство 39-годишната спортистка за повикување на санкции и нанесување на штета на националната безбедност на Белорусија. Таа во 2020 година ја формира Белоруската фондација за спортска солидарност која обедини стотици белоруски спортисти кои се критички настроени кон авторитарното владеење на претседателот Александар Лукашенко.

Хесименија потпишала отворено писмо, со другите белоруски спортисти, повикувајќи на слободни избори, како и за отворен протест поради реизборот на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Поранешната пливачка се повлече од спортот во 2019 година и живее во егзил, а една година подоцна ја формирала Белоруската фондација за спортска солидарност која нуди финансиска и правна полош на белоруските спортисти кои се „гонети“ од властите.

ПретходноДраган Николиќ е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром
СледноШкендија се раздели со Meџит Незири