РК Вардар за вториот дел од сезоната во Суперлигата ќе биде посилен за Леонардо Дутра Фереира. Бразилецот кој по вокација е лев бек и кој ќе биде големо, огромно засилување за нашиот ракометен шампион. Инаку тој е и актуелен репрезентативец на својата земја, ќе настапи и на претстојното СП во Полска и Шведска.
Дутра во Вардар доаѓа од тимот на Ла Риоха, а претходно настапуваше за тимот на Висла Плоцк.