Војдан, најдобриот македонски кошаркар со силна верба: Верувам дека ќе останеме во АБА-друштвото!

341

Војдан Стојановски е најдобриот македонски кошаркар за 2022 година. Се разбира, и дека немаше многу големи дилеми околу конечниот избор, капитенот на македонската репрезентација, брзо се наметна како лидер во МЗТ Скопје.

„Многу сум горд, некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е  мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие цели, дека ќе останеме во тоа друштво, и да продолжиме да ја презентираме македонската кошарка секако надвор од границите на Македонија.  

Сметам дека Македонија има таленти, дека има кошарка. И дека многу луѓе сакаат Македонија да има уште еден претставник во АБА лигата“, изјави Војдан на доделувањето на признанијата.

ПретходноЛегендарниот Хрват со критики: ФИФА и помогна на Аргентина да стане првак, Меси не е Марадона!
СледноКлиперси со неверојатен пресврт до победа во Детроит; Богдановиќ трагичар (ВИДЕО)