Во Реал се подготвува „чистка“: Анчелоти веќе избришал четворица фудбалери!

4054

Реал Мадрид подготвува чистка во јануари. Клубот ќе се откаже од услугите на четворица фудбалери, што е конечна одлука на шефот на стручниот штаб Карло Анчелоти.

Тоа се Марко Асенсио, Алваро Одриозола, Маријано Дијаз и Дани Себалос.

Ова го објави Мундо Депортиво, а треба да се напомене дека на лето им истекуваат договорите на големите ѕвезди како Карим Бензема и Лука Модриќ. Кралевите сакаат да потпишат нови договори со нив и да ги задржат во своите редови.

Кога станува збор за Марко Асенсио, тој стартуваше само три пати и одигра 15 натпревари. Тој има договор до крајот на сезоната и може да започне преговори со нов клуб од 1-ви јануари.

Себалос исто така има договор до јуни, а има само 11 настапи. Кога станува збор за Одриозола, тој има важечки договор до летото 2024 година, но јасно е дека наскоро ќе заврши соработката.

Четврти на трансфер листата е Маријано Дијаз, кому Реал Мадрид му плати на Лион дури 21,5 милиони евра, но тој не ги оправда очекувањата. Оваа сезона забележа само пет настапи, а договорот му истекува на крајот од сезоната.

Одлуката за заминување од Реал наскоро ќе ја донесе Тони Крос, кој претходно изјави дека сака да ја заврши кариерата во редовите на „кралевите“.

ПретходноМора да биде супер – фудбалер: Татко му е Агуеро, дедо Марадона а кум Меси! (ФОТО)
СледноНов доказ дека неверојатниот трансфер на Роналдо е завршен!