Ги дознавме четвртфиналните двојки во Купот на Македонија

220

Откако, со вечерашниот меч меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, завршија натпреварите за оваа година во нашата елитна лига, познати се и двојките во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Натпреварување кое сега се вика “Благоја Георгиевски – Буштур“.

Познато е дека титулата во Купот ја брани тимот на ТФТ а ова се четвртфиналните двојки:

МЗТ Скопје – Кожуф

Гостивар – Феникс 2010

Пелистер – Еуро Никел

ТФТ – Работнички

Во полуфиналето се среќаваат победниците од мечевите:

МЗТ – Кожуф/ТФТ – Работнички и Гостивар-Феникс/Пелистер – Еуро Никел.

Ова значи дека нема да има финале меѓу лутите ривали МЗТ Скопје и Работнички, тие, ако ја минат првата пречка, ќе ги одмерат силите во полуфиналето.

ПретходноМукоко и Борусија (Д) не можат да се договорат за платата
СледноШифрин стигна на 4 победи од рекордот на Линдзи Вон