Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ успешно ги брани боите на рускиот Уникс Казањ сезонава откако си замина од шпанската Валенсија. Тој е стандарден во тимот и очекува големи работи до крајот на оваа сезона. Тој имаше мега-интервју за веб-страницата на Уникс.
„Целта во блиска иднина ми е да играм во Евролигата. Тоа од секогаш ми била главна цел. Многу играчи ќе речат дека сон им е да заиграат во НБА, но јас во Евролигата. Како дете гледав натпревари, се сеќавам на дуелот меѓу Панатинаикос и Макаби. Не ме влече толку многу НБА лигата. Можам да изгледам некои натпревари од плеј-офот, некои кратки видеа на социјалните мрежи и толку. Евролигата е сосема друго ниво“, изјави Димитријевиќ кој откри дека можел да заигра и во НБА.
„Бев селектиран на драфтот, Ми беше понудено да играм во НБА со двонасочен договор (можност да игра и во развојниот тим на франшизата н.з.), но не прифатив бидејќи веќе постигнав согласност со Валенсија. Не се сеќавам кои беа, имав две или три понуди.
Не сакав да одам во НБА и да седам на клупа или да играм во развојна лига. Секој играч треба прво да се докаже во Евролига, па потоа да размислува за НБА“, додаде македонскиот кошаркар.
Целото интервју можете да го прочитате овде