Кадетите почнаа со победа на „Шпаркасен Купот“

135

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија тргна со победа на „Шпаркасе Куп“ турнирот кој почна денеска во германскиот град Мерциг. Во првиот настап момците на Раде Стојановиќ славеа со 25:23 над селекцијата на Австрија.

Белистојаноски постигна девет, додека Стојановски имаше шест гола и беа најефикасните во нашиот состав на премиерата на силниот турнир. Добар настап имаше и Узунчев со 4 погодока.

Веќе утре нашата селекција ја чекаат два меча. Најпрво од 11:20 играме со Германија, а попладнето од 16:40 против Холандија

ПретходноХристов со трансфер од Вардар во Гостивар!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ВО 2022 ДОНИРАШЕ 45.657.938,00 ДЕНАРИ