Игор Штимац, легендарниот репрезентативец на Хрватска од Мундијалот во Франција 1998, кога “коцкестите“ беа трети и сегашен селектор на Индија денови по завршувањето на СП во Катар имаше само критики и чудни изјави.
„За жал ФИФА и помогна на Аргентина да дојде до пехарот. Врз успехот на `гаучосите` засекогаш ќе има една голема дамка. Без разлика што Меси играше одлично, што таа селекција е `скоцкана` како што треба, но сепак не може да се избрише тој горчлив вкус од фактот дека ФИФА навиваше за Аргентина“ истакна Штимац.
Инаку тој се осврна и на споредбата меѓу Меси и Марадона…
„Никој никогаш не играл фудбал како Марадона. Секоја чест за Меси, тој е фантастичен фудбалер, но сепак Меси не е Марадона. И покрај сите освоени пехари и урнати рекорди од страна на Меси, сепак за мене Марадона засекогаш ќе биде бр.1“.